Барселона експресно најде замена за Мунир

Барселона потврди дека Мунир Ел Хадади повеќе не е играч на овој тим, јасно наведувајќи дека ќе мора да бара нов напаѓач.

Мунир не беше задоволен од минутажата добиена во Барса па се одлучи да го напушти клубот. Но, според пишувањата на шпанските медиуми, каталонскиот тим експресно пронајде замена за Мунир, кој треба да биде како опција на резервната клупа за Луис Суарез. „Мундо депортиво“ пренесува дека тоа со сигурност ќе биде Фернандо Љоренте кој веќе неколку сезони ја грее клупата во Тотенхем.

Љоренте најверојатно ќе дојде на „Камп Ноу“, но само на позајмица до крајот на оваа сезона.

Се вчитува...