Барселона фуриозно против „израелската гордост“ Макаби Тел Авив

Каталонскиот великан Барселона стигна до нова победа во Евролигата, откако ја декласираше израелската гордост Макаби Тел Авив со 96-73.

Израелците одиграа одлично прво полувреме во кое добрата игра ја материјализараа со предност на полувреме од 43-46. Сепак, на паузата Светислав Пешиќ успеа да ги разбуди своите избраници кои одиграа неверојатна трета четвртина во која постигнаа 31 поен и стигнаа до предност од 74-66. Доминацијата продолжи и во последниот период во кој на крајот стигнаа до убедлива победа од 96-73.

Никола Миротиќ забележа дабл-дабл учинок од 25 поени и 15 скока, додека Кори Хигинс натпреварот го заврши со 15 поени. Кај поразените се истакна Тајлер Дорси со 15 поени.

Се вчитува...