Барселона гневна на УЕФА – Зар е можно Наполи да има толкава предност?

На последниот состанок на УЕФА кој беше одржан пред два дена одлучено е завршницата на Лигата на шампионите да се игра на „Фајнал-ејт“ турнир во Лисабон. Сепак, пред Ф8 потребно е да се доиграат последните реванш мечеви од осминафиналето кои беа одложени поради пандемијата од коронавирусот.

Натпреварите ќе се играат на седми и осми август, но се уште не е познато каде. Дали тие ќе бидат одиграни во Лисабон или на стадионите на кои беше првобитно планирано. Еден од тие мечеви е и тој меѓу Барселона и Наполи кој требаше да се игра на „Камп ноу“. Првиот меч во Неапол заврши без победник 1-1. Од редовите на Каталонците стравуваат дека калчолигашот би можел да добие неочекувана предност доколку се случи реваншот да се игра на неутрален терен.

„Натпреварот треба да се игра на нашиот стадион, бидејќи во спротивно Наполи ќе има предност затоа што играше на својот стадион пред своите навивачи. Ако треба да играме на неутрален терен тоа нема да биде во ред, а и секако играме пред празни трибини“, изјави Сетиен. 

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин не ја исклучува можноста ситуацијата до август да се промени, па да можат тимовите реванш мечевите да ги играат на своите терени.

Се вчитува...