Барселона го бара Симон Мињоле

Барселона нема да мирува до крајот на овој преоден рок, а една од желбите на каталонскиот гигант е и голманот на Ливерпул, Симон Мињоле. За тренерот Валверде нема дилеми, Тер Штеген ќе остане прв голман и во наредната сезона, но тоа е проблем за резервистот Силесен, кој веќе најави дека сака да замине некаде каде што ќе добива поголема минутажа.

Барса бара 30 милиони евра за поранешниот чувар на мрежата на Ајакс, а планот е потоа за половина од овие пари да биде доведен Мињоле, кој според стручниот штаб поседува и искуство и квалитет за да биде втор голман на каталонскиот гигант.

Ливерпул сигурно ќе настојува да го продаде Мињоле во ситуација кога Клоп го доведе Алисон Бекер за нов голман, а Кариус зема двојно помала плата од Белгиецот, па е поблизу до останување на „Енфилд“.

Се вчитува...