Барселона го декласираше Фенербахче, ЦСКА Москва во финишот загуби од Басконија

Барселона стигна до седмата победа во Евролигата убедливо совладувајќи го Фенербахче на домашен терен со 89-63. Составот на Жељко Обрадовиќ беше декласиран од самиот старт, со оглед дека каталонскиот тим го доби првиот период со 25-15. Потоа предноста на Барселона само се зголемуваше. На полувреме позитивата порасна на 14 поени (44-30), а по третата четвртина и неверојатни 27 разлика. Фенербахче до крајот не успеа да се избори ниту за попристоен пораз.

Кори Хигинс со 22 поени беше предводник на Барселона на овој меч, Алекс Абринес постигна 12, а двоцифрени беа и Кајл Курик (11) и Адам Ханга и Брендон Дејвис (по 10 поени).

Басконија на домашен терен ја совлада ЦСКА Москва со 80-70. Во финишот, кошаркарите на шпанскиот тим направија серија од 9-0 и негативата од три поени ја претворија во водство од 76-70. Торнике Шенгелија со 22 поени беше најефикасен во победничкиот состав на Велимир Перасовиќ. Јанис Штрелниекс беше стрелец на 17 поени за ЦСКА Москва.

Се вчитува...