Барселона го доби дербито со ПСЖ, Веспрем реди победи

Барселона ја продолжи победничката серија во Лигата на Шампионите откако славеше на домашен терен против ПСЖ со 30-27. По изедначеното прво полувреме (13-13), каталонците во втората половина од вториот дел од мечот успеаја да направат значајна серија, а и покрај тоа што парижани се враќаа во игра немаа сили за пресврт.

Веспрем ја продолжи победничката серија и без нашиот Дејан Манасов. Овој пат унгарскиот тим славеше против Фленсбург за третиот триумф во низа. Веспрем победата ја најави уште во првото полувреме кое го доби со 14-8, а во вториот дел одигра рутински.

Мотор пак стави крај на серијата од три порази во низа откако го доби неизвесниот меч против Динамо Букурешт со 28-27. Домаќините во поголемиот дел од мечот имаа предност, а гостите кои успеаја да изедначат на 27-27 на самиот крај немаа сили за голем пресврт.

Се вчитува...