Барселона го добива најгламурозниот стадион во светот, вреден 1.5 милијарда евра (ВИДЕО)

Поради започнувањето на големиот проект и реконструкцијата на стадионот „Ноу Кам“, од сезоната 2023/2024, екипата на Барселона ќе игра на Олимпискиот стадион „Монжуик“. На каталонскиот гигант му е одобрен големиот проект наречен „Еспаи Барса“, во кој ќе се изврши реконструкција на „Ноу Камп“.

Станува збор за еден од најгламурозните проекти во Барселона, а клубот ќе издвои 1.500.000.000 евра.

„Го одобривме проектот за реновирање на „Камп Ноу“. Работите можат да започнат во јуни“, рече градоначалничката на Барселона, Ада Колау.

Претседателот на каталонскиот гигант Жоан Лапорта најави дека Барселона ќе го има најдобриот стадион во светот.

„Работите ќе започнат во јуни. Тоа ќе биде најголемиот спортски, забавен и иновативен простор на еден град. Ќе биде најголемиот спортски објект во светот. Новиот „Камп Ноу“ ќе биде најдобриот стадион во светот“, рече Лапорта.

 

 

Се вчитува...