Барселона го купи Паулињо за 40 милиони евра

Не е ниту Кутињо, ниту Дембеле, туку Паулињо. Тој е првиот фудбалер кој доаѓа на „Камп Ноу“ по рекордната продажба на Нејмар во ПСЖ за 222 милиони евра. Паулињо доаѓа за сума од 40 милиони евра и треба да го засили средниот ред на каталонскиот гигант Барселона.

Како што информираат медиумите во Каталонија, зделката е веќе заклучена, а Паулињо треба во Барселона да пристигне в понеделник на лекарски прегледи, по што ќе потпише и договор за четиригодишна соработка.

Паулињо во 2013 година од Коринтијанс дојде во редовите на англискиот премиерлигаш Тотенхем, но не се снајде најдобро, па две години подоцна си замина во Кина, каде имаше одлични настапи во дресот на Гвангжу Евергранде. Тој беше голема желба на новиот тренер Ернесто Валверде, и раководството му ја исполни.

Во наредниот период се очекува разврската и околу Фелипе Кутињо, Осман Дембеле и Ињиго Мартинез, кои исто така се најавуваат како нови засилувања за Барселона.

 

Се вчитува...