Барселона го купува „бунтовникот“ Рабио од ПСЖ за само 5 милиони евра!?

Андриен Рабио веќе ја заврши својата приказна со ПСЖ по одбивањето да го продолжи договорот со клубот. Па, ПСЖ се одлучи да го казни и со преселба на трибините се до крајот на меѓусебната соработка.

Но, пред тоа веќе се навестува дека Барселона следниот месец ќе го доведе 23-годишниот фудбалер од средниот ред во своите редови, а ПСЖ би се согласил да го продаде и за само пет милиони евра само колку да добие нешто затоа што од јуни следната година ќе биде слободен фудбалер.

Спортскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике веќе наложил на стручниот штаб Рабио воопшто да не добива минутажа на натпреварите. Но, се тврди дека тоа не е крај на казните за Рабио кој наводно добил и забрана на денот на натпреварите воопшто да пристапува до соблекувалната на тимот.

Се вчитува...