Барселона го ’нацрта’ Меси на промоцијата на новиот дрес (ФОТО)

Лионел Меси сака да ја напушти Барселона, но каталонскиот гигант не се откажува лесно од него. „Војната“ се вжештува, таткото на Меси како негов агент дојде на преговори на „Камп Ноу“, а Барселона го ’нацрта’ Аргентинецот на промоцијата на дресовите за новата сезона, иако тој не се појави на тестирањето за Ковид-19 на кое присуствуваа сите други фудбалери. Меси е вметнат в средина, заедно со Пике, Тер Штеген, Де Јонг, Дембеле и Гризман.

Јасно е дека Барселона нема намера лесно да му дозволи на Лионел Меси да го напушти клубот ова лето.

Се вчитува...