Барселона го носи Вајналдум, Кутињо останува во клубот

Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Џорџино Вајналдум е огромна желба на новиот тренер на Барселона, Роналд Куман.

Барселона веќе ги стартувала преговорите со Ливерпул за ангажман на Вијналдум, иако се уште нема договор околу висината на оштетата. Ливерпул бара 15 милиони фунти, а Барселона засега нуди само 10 милиони фунти.

Според информациите од Шпанија, се верува дека сепак наредниве денови ќе има договор меѓу двата клуба.

Од „Камп Ноу“ и информацијата дека Кутињо останува во клубот. Минатата сезона беше на позајмица во Баерн Минхен, кој не сакаше да ја искористи клаузулата и да го доведе за 130 милиони евра.

Се вчитува...