Барселона го освои Лондон, Инсиње го „поздрави“ Ливерпул

Барселона оствари важна победа во Лондон, совладувајќи го Тотенхем со 2-4 во одличен дуел што се одигра на „Вембли“. Каталонскиот тим сега има шест бода на врвот на табелата во групата Б, а во чекор го следи и Интер, кој славеше со 1-2 на гостувањето против ПСВ Ајндховен.

Кутињо ја доведе Барселона во водство во втората минута, а Иван Ракитиќ со проектил зголеми на 0-2 во 28.минута.

Хари Кејн намали на почетокот на вториот дел, но потоа Лионел Меси третпат ја затресе мрежата на „спарси“. Ерик Ламела повторно донесе надеж за англискиот претставник, но

Тотенхем не успеа да стигне до израмнување. Меси во завршницата постигна уште еден погодок за конечни 2-4.

Интер исто така стигна до втор триумф (1-2) против ПСВ. Пабло Розарио го доведе ПСВ во водство, но пред крајот на првиот дел израмни Раџа Наинголан. Во 60.минута, Мауро Икарди постигна победнички гол за Интер.

Наполи го совлада Ливерпул со 1-0, со голот на Лоренцо Инсиње во 90.минута од натпреварот. Претходно, Салах ја имаше најизгледната можност за гостите, а Дрис Мертенс ја погоди гредата.

Борусија Дортмунд со 3-0 го совлада Монако. Јакуб – Брун Ларсен го отвори резултатот, а Пако Алкасер го постигна вториот гол за „милионерите“ на овој меч. Марко Ројс беше стрелец на третиот погодок во самиот финиш.

Фановите на Атлетико Мадрид го слават Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец во триумфот на својот тим од 3-1 против Клуб Бриж. Гроневелд погоди за белгискиот состав, а Коке во судиското продолжение го постави крајниот епилог.

Порто со 1-0 го победи Галатасарај, а стрелец на единствениот погодок беше Муса Марега во 49.минута.

Лига шампиони, 2.коло

Група А: Атлетико Мадрид – Клуб Бриж 2-1, Борусија Дортмунд – Монако 3-0

Група Б: ПСВ Ајндховен – Интер 1-2, Тотенхем – Барселона 2-4

Група Ц: Наполи – Ливерпул 1-0, ПСЖ – Црвена Звезда 6-1

Група Д: Порто – Галатасарај 1-0, Локомотив Москва – Шалке 0-1

Се вчитува...