Барселона го освои првиот трофеј во новата сезона, совладувајќи ја Севилја со 2-1 во Суперкупот на Шпанија. Мечот се одигра во Мароко, а каталонскиот тим покажа дека и оваа сезона е подготвен за највисоки дострели.
Севилја прва поведе, со голот на Сарабија во десеттата минута. Но, Жерар Пике израмни пред одморот, а Осман Дембеле со фантастичен погодок во 79.минута донесе водство за Барселона. Во самиот финиш, Бен Једер имаше можност за израмнување, но не успеа да реализира пенал во 90.минута. Тер Штеген го одбрани неговиот удар од белата точка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА