Барселона го подготвува Мо Салах за наследник на Меси

Каталонскиот гигант Барселона почна да размислува за ’животот после Меси’ и веќе го пикираше наследникот за славниот Аргентинец. Тоа е Мохамед Салах, египетскиот интернационалец кој минатата сезона играше фантастично во дресот на Ливерпул и се најавуваше негов трансфер во Реал Мадрид. Сепак, Салах одлучи да остане на „Енфилд роуд“, а  во иднина, барем според информациите на „Дон Балон“ би требало да ја засили Барселона.

Раководството на клубот од „Камп Ноу“ има подготвено 250 милиони евра за овој трансфер кој треба да се случи наредното лето. Салах има 26 години и е пет години помлад од Лионел Меси. Јасно е дека Аргентинецот ќе остане во Барселона најмалку уште три сезони, а Салах би требало да дојде идното лето и да биде подготвен да блесне во полн сјај, а потоа и да го наследи Меси како прва ѕвезда на тимот.

Се вчитува...