Барселона го покани Хабиб да навива за нив, тој им одговори генијално!

Хабиб Нурмагомедов и официјалниот профил на Барселона разменија неколку интересни коментари на Инстаграм. Имено, шампионот на УФЦ објави слика од Барселона каде го гледаше домаќинот против Пари Сен Жермен на „Камп Ноу“. Хабиб има одличен однос со управата на парискиот клуб, па го поканија да присуствува на натпреварот како свој специјален гостин.

Во објавата тој изјави дека го поддржува ПСЖ затоа што е голем навивач на Реал Мадрид. Официјалниот профил на Барселона на Инстаграм исто така коментираше и му рече дека не е доцна да го смени клубот и да размисли за кого ќе навива.

“Јас навивам за Реал Мадрид од 1998 година, но никој не може да ја оспори големината на Барселона. Среќно во овие тешки моменти!” Одговори Хабиб.

Додека некои веруваат дека Хабиб навистина и посака среќа на Барселона, многумина сметаат дека тој всушност ја искористи шансата да се пошегува со каталонскиот клуб, кој веројатно не беше задоволен што Хабиб им посака среќа во овие тешки времиња.

Да потсетиме, Барселона загуби од ПСЖ со 1-4, а Нурмагомедов беше презадоволен од овој спектакл.

 

 

Се вчитува...