Барселона го потпиша Гарсија од градскиот ривал Еспањол

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона го потпиша 24-годишниот голман Жоан Гарсија од градскиот ривал Еспањол. Гарсија, кој минатата сезона имаше 146 одбрани, што беше рекорден настап во Примера, потпиша шестгодишен договор со Барселона.

Еспањол објави дека е активирана клаузулата во договорот на Гарсија, според која отштетата за него е 25 милиони евра.

Минатата сезона, Гарсија ја имаше буквално комплетната минутажа низ целата сезона за Еспањол во првенството, а сега ќе се натпреварува со германскиот репрезентативец Марк-Андре Тер Штеген за позицијата прв голман и во Барселона.

Се вчитува...