Барселона го претстави дресот за Лигата на Шампионите (ВИДЕО)

Барселона го претстави дресот со кој ќе ја нападне Лигата на Шампионите во поход кон шестата титула во најсилното европско првенство. Истиот има вертикални летни во светло црвена и сина боја, а низ целиот дрес можат да се видат детали поврзани за клубот и Каталонија.

Навивачите на Барселона ќе можат да го купат дресот од денеска па до 17. септември, а неговата премиера ќе биде во вторник на првиот дуел од ЛШ во кој каталонците ќе се сретнат со Баерн Минхен на „Камп Ноу“.

Се вчитува...