Барселона го преживеа белградскиот пекол

Пред рекордни нешто повеќе од 20 илјади гледачи во Белградска Арена, Партизан имаше предност на полувремето, но Барселона во вториот дел успеа да го сврти резултатот во своја корист и да освои нови бодови во Евролигата.

Откако Барселона ја доби првата четвртина, Партизан со одлична игра успеа на полувреме да замине со поен предност.

Меѓутоа клучен беше третиот период, во кој анемичноста на домашниот тим ја казни Барселона, и така го доби тој период со неверојатни 13-22, а потоа во финишот Партизан успеа да се доближи двапати само до три разлика, но Барса секогаш наоѓаше начин како одново да се оддалечи и на крајот да победи со 89-80.

Лапровитола кај победничкиот тим беше најефикасен со 23 поени, додека кај Партизан Ексум постигна 24.

Важна победа за пласман меѓу најдобрите осум оствари Басконија над Алба Берлин. Панатинаикос го совлада Баерн со 86-76, додека европскиот првак Анадолу Ефес со 20 разлика го доби тимот на Олимпија Милано (89-69).

Претходно Макаби го совлада Виртус со 111-80.

Се вчитува...