Барселона го продаде фудбалерот што дојде во клубот ова лето

Екипата на Барселона денеска договори два ангажмана. Откако го продадоа 18-годишниот играч од средниот ред Илајкс Морибу на РБ Лајпциг за 20 милиони евра, Каталонците се договорија со Тотенхем за трансфер на бразилскиот дефанзивец Емерсон Ројал.

Иако Емерсон пристигна во Барса ова лето, клубот одлучи да го продаде. Постигнат е договор со „Спарс“, а Барселона со бонуси ќе инкасира 30 милиони евра. Емерсон не сакаше да си замине. На крајот, сепак, тој прифати да си отиде од клубот, а во следните неколку часа трансферот ќе биде и официјално потврден.

 

Бразилскиот десен бек стана член на Барселона во 2019 година, но играше за Бетис, кој беше ко-сопственик на неговиот договор и ќе има 50 проценти од заработката од овој трансфер. Тој летово првпат го носеше дресот на каталонскиот великан. Младиот фудбалер зашиша три настапи и се прости од клубот вчера на натпреварот против Хетафе.

Пред Барселона и Бетис, 22-годишниот играч играше за Атлетико Минеиро и Понте Прета.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emerson Royal (@emerson_royal)

 

Се вчитува...