Барселона го продава Силесен во Премиер – лигата

Јеспер Силесен пред две сезони пристигна на „Камп Ноу“, но не успеа да се наметне покрај Марк Андре Тер Штеген. Поради ова се пореална е опцијата да си замине од Барселона ова лето, а негова следна дестинација треба да биде Премиер – лигата. Тој би можел да застане на голот на Челси.

Тибо Куртоа е на излезна врата од „Стемфорд бриџ“, се очекува негов трансфер во Реал Мадрид, а токму Силесен треба да биде неговиот наследник. Барселона, според англиските медиуми, е подготвена за разделба со холандскиот чувар на мрежата доколку добие 30 милиони евра отштета.

Се вчитува...