Екипата на Барселона со убедливи 6-1 го совлада тимот на Олимпијакос, и се врати во голем стил на победничките патеки во Лигата на шампионите, по поразот од ПСЖ минатото коло.
Апсолутен херој на „Каталонците“ е Фермин Лопез кој постигна хет-трик, додека Рашфорд постигна два, а еден даде Ламин Јамал. Грчкиот тим само успеа да намали на 2-1 во 54. минута преку Ел Каби.
Лопез со головите во 7. и во 39. минута донесе 2-0 на полувремето. Ел Каби намали од пенал, а потоа исто така од белата точка, Барселона преку Јамал дојде до предност од 3-1, па Рашфорд донесе 4-1 во 74. минута, повторно стрелец Лопез во 76., за на крај Рашфорд да ја заокружи серијата на головите.
Во вториот меч во Алмати, екипата на Пафос успеа да одолее и со играч помалку. Кореа во 4. минута беше исклучен, па речиси цел меч играше со 10 играчи. Но, и во една таква ситуација постигнаа гол во 72. минута кој ВАР им го поништи. За чудо, Каират немаше ниту една голема шанса на мечот, додека кипарскиот тим имаше четири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

