Барселона го совлада Баерн и поведе со 1-0

Кошаркарите на Барселона поведоа со 1-0 во плеј-офот во Евролигата, совладувајќи го тимот на Баерн Минхен со 77-67. Победата Барса ја реши во вториот период, кој го доби со 12 разлика, разлика која ја задржи до самиот крај на натпреварот.

Баерн одлично тргна, и ја доби првата четвртина со 20-22. Вториот период целосно припадна на Барселона, во која ги сведоа „Баварците“ до само 11 поени, а тие постигнаа 23.

Лучиќ од Баерн постигна 20 поени, и беше најефикасен, но немаше поддршка од соиграчите. Дејвис од Барселона постигна 19 поени.

Се вчитува...