Барселона го затвори преодниот рок со Габриел Жесус

Новинарот кој е експерт за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо, објави дека Барселона го заврши преодниот рок со ангажманот на Габриел Жесус од Арсенал.

Висината на трансферот на бразилскиот напаѓач изнесува 10 милиони евра, без бонуси.

 

 

Ова значи дека напорите на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, да потпише со Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, беа безуспешни.

Покрај Алварез, Барселона во последен момент се откажа и од ангажманот на дефанзивецот на Твенте, Руд Нијстад.
И покрај двата нереализирани трансфери, Лапорта во летниот преоден рок донесе неколку екстраквалитетни засилувања со кои ќе атакува на сите трофеи сезонава.

Најважен е потписот со најдобриот играч од Светското првенство, Родри, а дресот на Барселона го засдолжија и Антони Гордо кој дојде од Њукасл, Карим Адејеми (Борусија Дортмунд), Џеси Бисиву (Клуб НХТ), Доминик Ливаковиќ (Фенербахче) и Жоао Кансело (Ал-Хилал).

Се вчитува...