Каталонскиот гигант Барселона и англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед се најсериозни кандидати за ангажман на мексиканскиот интернационалец Ирвинг Лозано од ПСВ Ајндховен. Крилниот играч остави одличен впечаток на Светското првенство во Русија, а веќе подолг период е еден од најдобрите фудбалери на холанскиот тим.
Барселона е подготвена да плати 30 милиони евра за Лозано веќе во јануари, но и Жозе Мурињо исто така ќе ја израмни оваа понуда со надеж дека Мексиканецот ќе се пресели на „Олд Трафорд“.
23-годишниот Ирвинг Лозано пристигна во ПСВ Ајндховен во 2017 година и досега на 34 настапи за холандскиот клуб постигна 21 гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА