Барселона и Рафиња си подадоа рака за нов договор до 2028 година

Бразилскиот интернационалец во дресот на Барселона, Рафиња се согласил на нов договор со каталонскиот клуб, со важност до 2028 година. После одличната сезона во која Бразилецот е прв стрелец за „Каталонците“, Барса му нуди нов, подобар договор на крилниот играч.

Тоа значи дека Рафиња ќе остане во Барселона уште една година плус, со оглед дека сегашниот договор му беше со важност до 2027 година, односно потпиша на пет години откако пристигна во 2022 година во Шпанија.

Претходно Рафиња настапуваше за Виторија Гимараеш, Спортинг Лисабон, Рен и Лидс, од каде во 2022 година за сума од 58 милиони евра пристигна во шпанскиот гигант.

Се вчитува...