Барселона и Реал се тркаа за играчот на Ајакс, а сега ќе потпише за Лион

Францускиот Лион е многу блиску до потпис со левиот бек на Ајакс, Николас Таљафико. Аргентинецот речиси сигурно ќе го напушти Амстердам ова лето, но нема да се пресели онаму каде што посакуваше.

Долго време Реал Мадрид и Барселона се бореа за неговиот потпис, но во последно време спласна и интересот, па така сега аргентинскиот репрезентативец ќе биде промовиран во нов играч на Лион.

Таљафико беше дел од онаа „златна генерација“ на Ајакс, предводена од Френки де Јонг, Дони ван де Бек, Матијас де Лихт, која стигна до полуфинале во Лигата на шампионите во 2019 година, а беше блиску и до финалето, но тогаш во последните секунди загуби од Тотенхем.

Се вчитува...