Барселона, и вторпат лесно против ГОГ, е последниот учесник на Ф4 во Келн

Комплетиран списокот учесници на годинашниот Фајнлфор во Лигата на европските ракометни шампиони. Барселона е последниот партиципиент на Ф4 во Келн откако и во вториот меч без никакви проблеми славеше против данскиот ГОГ со 36-30.

Откако во првиот меч во Данска каталонскиот тим триумфираше со 30-37, сега со нова победа само си го запечати местото меѓу најдобрите четири екипи во Европа за оваа сезона.

Најефикасни во победата на Барселона беа Луис Фраде со седум гола, и Дика Мем со пет постигнати гола. Кај Данците се издвои Мадсен со пет погодоци.

Од претходно, место на Фајнлфор обезбедија и полски Кијелце, француски ПСЖ, како и германскиот Магдебург. Фајнлфор турнирот во „Ланксес арената“ во Келн ќе се игра на 17. и 18. јуни.

Се вчитува...