Барселона им го нанесе првиот пораз на ПСЖ и Раул Гонзалес

Барселона повеќе од заслужено славеше со 36-31 нанесувајќи го првиот пораз на ПСЖ и Раул Гонзалес во новата сезона од Лигата на шампионите.

Во главно израмнето прво полувреме Каталонците резултатски се издвоија пред крајот на првите 30 минути кога стигнаа до 19-15. Во второто полувреме само рутински ја одржуваа предноста дополнително зголемувајќи ја и до 30-22 во 50. минута. На крајот за заслужен триумф од 36-31.

Најдобри во победничкиот тим беа Абело со седум гола и Мем со пет погодоци. Во редовите на ПСЖ се издвои Лука Карабатиќ со шест погодоци.

Се вчитува...