Барселона изедначи рекорд во ЛШ стар 16 години

Фудбалерите на Барселона синоќа на „Камп Ноу“ ремизираа со Тотенхем (1-1) и со тоа го потврдија првото место во групата Б од Лигата на шампионите. На Барса ова и беше 29.натпревар по ред без пораз на домашен терен во елитното натпреварување. Со ова постигнување, Барселона го изедначи рекордот во ЛШ, стар полни 16 години.

Серијата на каталонците трае од септмеври 2013 година и за тоа време Барса оствари 26 победи, а три натпревари заврши со реми на „Камп Ноу“.

Претходно таква серија имаше Баерн Минхен во периодот од 1998 до 2002 на Олимпискиот стадион.

Барселона во оваа сезона во Лигата на шампионите на „Камп Ноу“ оствари две победи против ПСВ (4-0) и Интер (2-0) и реми со Тотенхем (1-1).

Се вчитува...