Барселона израмни два рекорди на Реал Мадрид во Лигата на шампионите

Барселона синоќа со убедливата победа од 4-0 против Динамо Киев го осигура пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Каталонскиот тим успеа да израмни и два рекорди во ова натпреварување кое досега самостојно ги држеше Реал Мадрид.

Во осминафиналето од Лигата на шампионите успева да се пласира 17 години по ред, што досега им успеало само на „кралевите“. А, покрај тоа и девет пати тоа го реализира по само четири кола од групната фаза. И тоа досега беше ефект само на Реал Мадрид.

 

Се вчитува...