Барселона по два порази во низа им се врати на победите во Евролигата откако славеше со убедливи 93-67 над Басконија. Каталонците победата ја најавија уште по првата четвртина која ја добија со 32-15, а добриот ритам продолжи до самиот крај.
Никола Миротиќ беше лидер на Барселона со 25 поени и 8 скока, а него го следеа Дејвис и Лапровитола со по 11 постигнати поени. Еноч беше лидер на гостите со 22 поени и 8 скока, а Гиедраитис додаде 14 поени.
Every @FCBbasket player scored in a BIG Round 9 win! #EveryGameMatters
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) November 11, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА