Барселона ја прекина серијата на Панатинаикос

Барселона го совлада Панатинаикос со 98-86 во дербито на вечерта во кошаркарската Евролига. Во првото полувреме доминираа нападите на двата тима, игра во која за нијанса подобро се снајдоа домаќините кои на пауза заминаа со предност од 55-47.

Во вториот дел „каталонците“ успеаја да го контролираат резултато и рутински да стигнат до нова победа во елитното натпреварување од 98-86. Никола Миротиќ со 23 поени и 7 скока беше прво име во победничкиот табор, додека Малколм Дилени уфрли 17 поени. Кај гостите Џимер Фредет беше најефикасен со 19 поени.

Во останатите мечеви Валенсија ја продолжи агонијата на литванската гордост Жалгирис, совладувајќи го нагости со 82-86. Баерн беше сигурен дома со Зенит 77-69, а АСВЕЛ го изненади Милано 89-82.

Се вчитува...