Барселона ја продолжува соработката со Велверде

Во раководството на Барселона се задоволни како игра тимот под водство на тренерот Ернесто Велверде и на шпанскиот стручњак му нудат нов договор за продолжување на соработката.

На Велверде актуелниот договор му истекува наредното лето, но шпанските медиуми блиски до Барселона, најавија дека челниците на клубот набрзо ќе почнат преговори со неговиот менаџер за останок на „Камп Ноу“.

Велверде во Барселона дојде минатото лето како наследник на Луис Енрике. Под негово водство Барса го освои првенството и Купот во Шпанија минатата сезона и Супер купот на стартот од оваа сезона.

Во првото коло од Примера, Барселона на домашен терен славеше против Алавеш (3-0).

Се вчитува...