Барселона ќе го купува Хари Кејн

Со Луис Суарез кој се приближува до 32. година од животот и кој се мачи долгорочно со проблематичното колено, Барселона е во потрага по напаѓач кој би го довела на „Ноу Камп“ следната сезона.

Според британските медиуми на радарот на каталонскиот клуб се неколку играчи, Французите Килијан Мбапе и Антоан Гризман и Бразилецот Ришарлисон, но прв фаворит наводно бил Хари Кејн. За него Барселона следното лето би платила 200 милиони фунти.

Тотенхем никако не би го пуштил англискиот репрезентативец и прва ѕвезда на клубот, но со пролонгирањето на изградбата на новиот стадион, трошоците се се поголеми, па клубот би бил принуден да прифати понуда повисока од 150 милиони фунти. Токму поради ова од Барселона веруваат дека најдобриот стрелец на Светското првенство во Русија е достижна цел.

Барселона и Тотнехем играат меѓусебе утре, во последното коло од групната фаза од Лигата на шампионите. Каталонците веќе се пласирани во нокаут фазата, додека Тотенхем е во трка со Интер за втората позиција.

Се вчитува...