Барселона ќе го „рента“ „Камп ноу“ за 300 евра од човек, ако сакате да играте со другарите

Каталонскиот гигант Барселона веројатно ги живее најлошите години во овој век. Откако не успеаја да освојат ниту еден трофеј сезонава, клубот се соочува со големи финансиски проблеми поради лошото работење на претходното раководство и трошење на голема сума на пари за играчи кои не го покажаа очекуваното.

Новото раководство дојде до нова, по малку и „балканска идеја“. Клубот во јуни месец ќе го „рента“ својот стадион „Камп ноу“ за 300 евра од човек, на аматери кои би сакале со друштвото да одиграат еден меч.

Ваквите потези се очајни, бидејќи клуб со такво реноме и историја не може да си дозволи ваков срам.

 

Се вчитува...