Барселона лесно до три бода против Еибар

Фудбалерите на Барселона славеа убедлива победа (0-4) на гости против Еибар во рамките на 19.коло од Примера. Каталонскиот тим дојде во водство во 31.минута со голот на Денис Суарез, кој по само десетина минути од мечот го замени повредениот Серхио Бускетс.

Во вториот дел, Лионел Меси зголеми на 0-2 во 50.минута, а Луис Суарез во 68.минута ги разреши сите дилеми околу победникот. Во самата завршница Нејмар постигна уште еден гол за конечни 0-4.

Барселона е третопласирана и има 41 бод, два помалку од лидерот Реал Мадрид, кој има одиграно еден натпревар помалку. На второто место се Севилја со 42 освоени бода.

All Goals & highlights – Eibar 0-3 Barcelona… by mohtvNeymar Goal HD – Eibar 0-4 Barcelona 22.01… by Live1Goals

Се вчитува...