Францускиот интернационалец Осман Дембеле во јануари најверојатно ќе го напушти „Камп Ноу“ откако доби порака од раководството дека може да си најде нов клуб. Тој е мошне талентиран, но дисциплината е негова послаба страна, а откако неколкупати ја наруши доби и ’дисциплинска’ од тренерот Ернесто Валверде да биде надвор од тимот.
Дембеле за сума од 100 милиони евра во 2017 година дојде од Борусија Дортмунд, а сега би можел да си замине и за многу помалку пари. Токму затоа на готовс се премиерлигашите, кои би сакале да го видат во своите редови. Како што информираат медиумите на Островот, Челси, Арсенал и Ливерпул се сериозно заинтересирани да го ангажираат 21-годишниот Французин во зимскиот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА