Барселона на колена во Атина: Олимпијакос го презеде врвот во Евролигата

Кошаркарите на Олимпијакос се издвоија на врвот во Евролигата откако во 27. коло триумфираа во дерби-пресметката против Барселона со 77-70.

Во дуелот на две од трите водечки екипи во најквалитетното европско клупско натпреварување, Грците на крај беа подобри благодарение на подобро одиграното второ полувреме. Барселона претходно одлично го почна мечот добивајќи ја првата четвртина со 11-20, но се во продолжение беше во знакот на Олимпијакос.

Најдобри во победничкиот состав беа Меккисик со 16 поени и Ларенцакис со 14 поени, а Везенков постигна 13 поени, дополнети и со седум скока. Никола Миротиќ беше најдобар кај Барселона со 19 поени и седум скока, но не успеа да помогне да се избегне поразот.

Олимпијакос сега е осамена на врвот со 19 победи и 8 порази, а Барселона остана со 18 победи, наспроти 9 порази. Реал Мадрид од 25 одиграни натпревари има 18 победи и 7 порази.

Жалгирис, пак, триумфираше на гостувањето против Алба Берлин со 63-66.

Се вчитува...