Барселона на колена во Атина: Олимпијакос со пресврт до триумф!

Лидерот во Евролигата, екипата на Барселона загуби на гостувањето во Атина од Олимпијакос со 73-66 во 28. коло од најсилното европско клупско натпреварување.

Каталонците добро го почнаа мечот со постојана предност во првото полувреме, меѓутоа домаќините беа далеку подобри во вториот дел сосема заслужено доаѓајќи до триумфот.

Одлучувачка беше третата четвртина која Олимпијакос ја доби со 18-8, стекнувајќи пет поени предност. До крајот само рутински ја одржуваа за конечна победа од 73-66.

Најефикасен во победничкиот тим беше Шекил Меккисик со 20 поени, а кај Барселона Никола Миротиќ заврши со 11 поени и шест скока.

Претходно Анадолу Ефес славеше со 87-77 против Алба Берлин.

Се вчитува...