Барселона на зима ќе го купува Погба

Каталонскиот гигант Барселона ова лето имал директни контакти со Пол Погба, открива „Мундо Депортиво“, но не успеал да го реализира трансферот на Французинот на „Камп Ноу“. Но, раководството на клубот не се откажува од намерата да го доведе Погба веќе во наредниот зимски преоден рок.

Погба истакнал дека има голема желба да го облече дресот на Барса и да игра во ист тим со Лионел Меси. Целата ’операција’ треба да чини околу 120 милиони евра, а во трка за Погба е и италијанскиот првак Јувентус. Сепак, се чини дека Барселона има предност и поради фактот што фудбалерот сака да настапува во Ла Лига, откако во кариерата ги искуси Серија А и Премиер – лигата.

Се вчитува...