Барселона-Наполи пред празни трибини

Осминафиналниот реванш од фудбалската Лига на шампионите меѓу Барселона и Наполи закажан за 18. март на Камп Ноу ќе биде одигран пред празни трибини информираше денеска каталонскиот клуб. Поради опасноста од цоронавирусот, шпанскиот првак реши да ја преземе оваа мерка и со тоа се приклучува во редот екипи кои донесоа вакви идентични или порадикални одлуки. Претходно беше решено и дуелот Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд ќе биде без навивачи.

 

 

 

Се вчитува...