Љоренте отпаѓа, Барселона носи засилување од Кина?

Поранешниот напаѓач на Ватфорд, Одион Игало, кој сега настапува во кинескиот тим Чангчун Јатај е на радарот на Барселона како потенцијално засилување во јануарскиот преоден рок.

По заминувањето на Мунир Ел Хадади во Севилја, каталонскиот клуб остана само со Луис Суарез како класичен напаѓач и бараат играч што ќе му биде замена. Раководството на Барселона се одлучи тоа да биде времено решение за шест месеци и по можност да донесат напаѓач на позајмица до крајот на сезоната, а потоа на лето да бараат некое квалитетно засилување на оваа позиција.

Прва желба на тренерот Ернесто Валверде беше да го донесе на позајмица напаѓачот на Тотенхем, Фернандо Љоренте. Но, во лондонскиот клуб сакаат да го продадат шпанскиот напаѓач, а тоа не се поклопува со плановите на Барселона. Како втора опција, на „Камп Ноу“ може да заврши Игало. Според шпанските медиуми, Барса веќе е во преговори со кинескиот клуб да го испратат 29-годишниот нигериски напаѓач на позајмица до крајот на сезоната.

Одион Игало во Чангчун Јатај стигна во 2017 година од Ватфорд и сигурно дека не би имал ништо против од Кина да се пресели на „Кам Ноу“. Тој и претходно веќе има играно во Шпанија во дресот на Гранада.

Се вчитува...