Барселона нуди 65 милиони евра плус Артуро Видал за да го купи Лаутаро Мартинез од Интер

Каталонскиот гигант Барселона тргнува во нова офанзива по аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез. Откако успеа да го задржи Лионел Меси и покрај големата бура на „Камп Ноу“, претседателот Жозеп Мариа Бартомеу сака да ја смири тензијата со купување на нова голема ѕвезда. Понуда од 65 милиони евра, плус чилеанскиот интернационалец Артуро Видал, е испратена до италијанскиот калчолигаш Интер.

Раководството на Интер со сите сили се обидува да го задржи Лаутаро Мартинез на „Џузепе Меаца“, му понуди и можност за обновување на договорот со подобрени финансиски услови, но и Барселона има свои сметки, сака да го смири Меси купувајќи го фудбалерот кој големата ѕвезда го сака покрај себе во навалната линија за следната сезона. Роналд Куман ја одобрил мисијата за купување на Лаутаро Мартинез.

Се вчитува...