Барселона останува без засилувањето кое го плати 140 милиони евра

Како стојат работите, играчот на Барселона Усман Дембеле веројатно од лето ќе има нов клуб. Тој има уште еден месец договор со Барса, но нема да остане во Каталонија и покрај тоа што тренерот Чави на неколку пати најавуваше дека сака да го продолжи договорот.

Неговиот менаџер Муса Сисоко, имал средба со челниците на Барселона, но се чини дека „каталонците“ веќе „кренале раце“ од Дембеле, и шансите да дојде до нов договор се минимални.

„Шансите да си оди се 95%“, изјавиле од клубот, пренесува „Мундо Депортиво“.

Каталонците тврдат дека Дембеле ќе се пресели во Париз и ќе го облече дресот на ПСЖ. Во него Парижаните гледаат замена за Анхел Ди Марија кој е пред трансфер во Јувентус. Барселона пред пет години за Дембеле плати 140 милиони евра на Борусија Дортмунд, а сега после лоши сезони и многу повреди, ќе си замине бесплатно.

Се вчитува...