Барселона падна во Подгорица во драматична завршница

Будуќност демонстрираше извонредна игра во триумфот над Барселона со 67-64 во рамките на Евролигата. Ова е трета победа за избраниците на Александар Џикиќ изборена во драматична завршница.

Јунака во победата на црногорскиот тим бепе Немања Гордич кој при резултат 54-59 во корист на Барселона, ги презеде работите во свои раце и со серија од 8-0 направи пресврт и ја однесе Будуќност во позитива која домаќините ја сочуваа до крај.

Во неизвесниот дуел, Барселона имаше предност речиси во текот на целиот натпревар најмногу со +6 на почетокот на третата четвртина. Но, кошаркарите на Будуќност беа поуспешни во драматичмниот финиш и ги освоија бодовите.

Ерл Кларк и Немања Гордиќ постигнаа по 12 поени, а Данило Николиќ запиша 11 за Будуќност. Кај Барселона најпрецизен беше Адам Ханга со 12 поени.

Во другите два натпревари во Евролигата , Макаби Тел Авив славеше гостинска победа против Дарушафака со 71-73, а Жалгирис беше поуспешен од Олимпијакос со 83-75.

Се вчитува...