Барселона пак на шопинг во Ливерпул

Слабата форма на Луис Суарез е причина раководството на Барселона да почне потрага по нов врвен голгетер, а на врвот на листата со желби на каталонскиот гигант се наоѓа Роберто Фирмино. Бразилецот важи за идеална опција поради фактот дека не станува збор за себичен фудбалер, кој воедно би можел беспрекорно да отвора простор за соиграчите, пред се за Лионел Меси.

Според каталонските медиуми, за овој трансфер лобирал и Филипе Кутињо, кој кажал најпофални зборови за својот поранешен соиграч од Ливерпул, кого сега сака да го види крај себе и во дресот на Барса. Фактот дека Суарез од година во година игра се послабо, а сезонава ја стартуваше во очајна форма, ги натера челниците на Барселона да стартуваат потрага по нов напаѓач.

Ливерпул годинава потпиша нов долгорочен договор со Фирмино, фудбалерот тврди дека е среќен во таборот на „црвените“, но истото беше случај и со Кутињо пред Барса да тргне во офанзива за негова ангажман.

Се вчитува...