Барселона по продолженија го урна Монако и остана перфектна во Евролига

Барселона останува перфектна во Евролига откако во натпревар од 4. коло на гости по продолженија го совлада Монако со 81-85. Домаќините може да жалат што не стигнаа до победа бидејќи во последната минута цело време беа во предност, а не успеаја да го искористат и последниот напад во регуларниот дел за победа.

Откако актуелниот европски вицешампион успеа да се извлече во регуларниот дел на крајот во продолженијата неговите кошаркари беа посконцетрирани и стигнаа до нов триумф сезонава од 81-85. Брендон Дејвис со 25 поени беше убедливо најдобар поединец на натпреварот, додека кај поразените Мајк Џејмс заврши со 16 поени.

 

 

Се вчитува...