Барселона понуди 30 милиони евра за Де Јонг, но Ајакс сака два и пол пати повеќе

Каталонскиот гигант Барселона веќе ги планира следните засилувања кои би пристигнале на „Камп Ноу“ вои зимскиот преоден рок или следното лето. Една од најголемите желби на тренерот Ернесто Валверде е играчот за врска на холандскиот Ајакс, Френки де Јонг. 21-годишниот играч за врска ги одушеви стручњаците со својата зрела игра во дресот на холандскиот клуб и е еден од најпосакуваните млади играчи во светот.

Барселона не сака да ја пропушти можноста да го има Де Јонг во своите редови и затоа е веќе многу активна во преговорите. Раководството на каталонскиот клуб понуди 30 милиони евра, но тоа ниту од далеку не ги задоволува апетитите на Ајакс. Холанѓаните засега имаат став дека клубот што ќе сака да го купи Френки де Јонг ќе треба да плати 75 милиони евра.

Се вчитува...