Барселона поради финансиските проблеми го губи и најголемиот талент

Барселона не може да се опорави од финансиската криза која ја предизвика пандемијата на коронавирусот. Каталонскиот клуб ова лето веќе остана без услугите на Лео Меси и покрај желбата на Аргентинецот да потпише нов договор, а сега по истиот пат тргнува и еден од најталентираните фудбалери на својата генерација, Илаиш Мориба.

Имено, како што пренесуваат шпанските медиуми, 18-годишникот експресно го одбил новиот договор на Барселона, а на каталонците не им останува друга опција освен да го продадат талентот доколку сакаат да остварат профит со оглед на тоа што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

За услугите на играчот од средниот ред Барселона бара 15 милиони евра и нема намера да го продаде за помалку од оваа сума дури и доколку тоа значи заминување како слободен играч по истекот на сезоната. Притоа доколку не дојде до трансфер, каталонците ќе го остават „бунтовникот“ на трибините и тој воошто нема да конкурира за место во првиот тим и Барселона „Б“.

Се вчитува...