Барселона поради рецесијата ќе ги продава поголемиот дел од фудбалерите: Само тројца се сигурни

Барселона е најтешко погодениот клуб од Ла Лига поради пандемијата на коронавирусот, што покажува и фактот дека играчите мораа да се откажат дури од 70% од своите плати.

Поголемиот дел од шпанските клубови ги намалија платите за 10-20%, а единствено каталонскиот тим се одлучи за намалување од 70%. Сепак, ниту тоа нема многу да помогне ако првенството не продолжи во брзо време.

Веќе се навестува дека раководството на Барселона размислува и за продажба на добар дел од ѕвездите во тимот и да се потпре на помладите фудбалери следната сезона. Наводно само тројца фудбалери се сигурни. Секако на прво место е Лионел Меси, а покрај него сигурни се уште и Тер Штеген и Френки де Јонг. Останатите се под знак прашалник. Доколку дојде до безизлезна ситуација од раководството на Барселона најавуваат дека ќе мора да продаваат.

Се вчитува...